Се одбележува Неделата на улични продавачи
32 годишниот стружанец Игор Шајноски, кој со години го продава списанието „Лице в лице“, одбележувајќи ја Неделата на уличните продавачи, деновиве низ струшките улици е заедно со спортистите.

Се одбележува Неделата на уличните продавачи. Струга го има најдобриот уличен продавач во земјава.
„Среќен сум што овие денови ќе продавам со спортистите“, вели Игор Шајноски момче со Даунов синдром.
32 годишниот стружанец Игор Шајноски, кој со години го продава списанието „Лице в лице“, одбележувајќи ја Неделата на уличните продавачи, деновиве низ струшките улици е заедно со спортистите.
Во униформа, заштитна маска и списанија во рака, момчето со Даунов синдром, неуморен и во лето и во зима, е едиствениот вработен уличен продавач во земјава.
„Правиме една конекција меѓу граѓаните на Струга и Охрид и ги мотивираме да го купат списанието да го поддржат вработувањето на Игор во нашата огранизација и да имаат поголема свесност“, вели Стефан Малески од Порака Нова.
Индивидуални спортисти и струшките ракометари несебично давајќи поддршка на лицата со попреченост, заедно со Игор го продаваат списанието низ струшките улици.
„Мене ми е посебно драго покрај тоа што го знам од струшките улици имам прилика да ја дожиевам неговата енергија“, вели Мими Стојаноска, спортистка од Струга.
Игор во просек продава околу 5.000 списанија годишно, а со тоа ја обезбедува својата егзистенција.
Списанието „Лице в лице“ Игор девет години го продава низ струшките улици и сѐ уште го држи приматот најдобар уличен продавач во земјава.
Соња Рилковска
