Протестен марш под мотото „Јавна соба е кривично дело“
Казни затвор за организаторите на „Јавна соба“, побраа невладини организации, но и некои од жртвите на оваа дигитална злоупотреба. Тие протестираа од Министерството за внатрешни до Јавното обвинителство, побараа сексуалното вознемирување на интернет да се регулира кривично...

Поддршка за девојките чии фотографии беа споделувани во „Јавна соба“. Демонстрантите упатија порака до жртвите дека не се сами. Ги повикаа институциите навремено да реагираат. Бараат расчистување на случајот, казни за основачите на групата, а сексуалното вознемирување преку интернет да се регулира во кривичниот законик.
Жртвите на овој вид насилство вообичаено не пријавуваат во полиција, зашто како што велат, полицијата не постапувала по ваквите пријави.
Групата „Јавна соба“ во која повеќе од 6.500 членови споделуваа фотографии од девојки, лични податоци, и телефонски броеви, минатата недела беше избришана од социјалната мрежа „Телеграм“. Полицијата трага по основачите. Приведени се четири лица, две од Битола и по еден од Велес и од Штип.
„Јавна соба е кривично дело“ – под ова мото се маршираше низ скопските улици. Организаторите на протестот бараат јавното обвинителство темелно да го расчисти случајот и соодветно да се казнат администраторите.
Маршот почна од Министерството за внатрешни работи, а заврши пред Јавното обвителство, бидејќи како што велат организаторите, овие две институции се клучни во заштитата од насилството.
Андријана Атанасовска
