Собранието не ја прифати интерпелацијата за Димитров

04.02.2021 09:53

Со 55 гласови „против“ и 53 гласови „за“, Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров што ја поднесоа група пратеници од опозицијата...

Собранието не ја прифати иницијативата на опозицијата за отповикување од функцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Расправата траеше 12 часа.  „За“ интерпелацијата гласаа 53 пратеници, 55 беа „против“, а ниту еден воздржан.

Опозицијата со тврдење дека Димитров потпишал штетни договори за земјата, а за возврат не го остварил ветеното - отворање на поглавјата со Европската унија. Димитров одговори дека со договорите со Грција и со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се озваничени во светот.

Во своето завршно обраќање вицепремиерот Димитров истакна дека излагањата на пратениците од опозицијата, темите и личните напади само ја потврдија тезата дека интерпелацијата немаше врска со неговата работа и дека сепак остана само политички театар.

„Јас ќе продолжам со мојата „мисија“ за да нѐ биде, и ќе нѐ биде, и покрај сите пречки, вклучувајќи ги тука и вашите напори како овој денешниот“, потенцираше Димитров.