Намален бројот на нови случаи со Ковид-19 на глобално ниво

04.02.2021 10:08

Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажа дека е намален бројот на нови случаи со Ковид-19...

Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажа дека е намален бројот на нови случаи со Ковид-19, сепак организацијата предупредува дека нерамномерната дистрибуција на вакцините може да го одложи закрепнувањето на економијата на глобално ниво и уште повеќе да ги остави назад земјите во развој.

Извршниот директот на СЗО за итна здравствена програма, Мајкл Рајан, извештајот го оцени како добра вест, но предупреди и дека бројка од над 3 милиони новозаразени е сѐ уште многу висока.