Коронавирус

Швајцарија не ја одобри вакцината на „АстраЗенека“

04.02.2021 10:39

Земјата потврди дека нарачала неколку милиони дози од друг производител....

Швајцарија го одложи одобрувањето на вакцината против Ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“ бидејќи нема доволно податоци за безбедноста, квалитетот и ефективноста.

Земјата потврди дека нарачала неколку милиони дози од друг производител. Европската унија неодамна ја одобри оваа вакцина, но неколку држави, како Германија, Италија и Франција, истакнаа дека нема да ја даваат на лица постари од 65 години, зашто не е доволно испитана за таа возрасна група.

Вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ е веќе одобрена во 50-ина земји. Тврдат дека дава 76-процентна заштита три месеци после првата доза, што се зголемува со втората доза.