Туристичко- угостителската комора бара финансиска поддрша на плати и олеснување на ограничувањата

04.02.2021 12:23

Континуитет на економските мерки ќе спречи загуба на работните места. Бараат намалување и на ограничувањето на пополнетоста на капацитетот во автобусите.

Финансиска поддршка на плати  и олеснување на ограничувањата, бараат од Туристичко-угостителската комора на Македонија. Оттаму посочуваат дека континуитет на економските мерки ќе спречи загуба на работните места. Бараат намалување и на ограничувањето  на пополнетоста на капацитетот во автобусите.

Во туристичкиот сектор работат над 3.000 луѓе. Според податоци на заводот за статистика, бројот на туристите лани во ноември, споредено со претходната година, бил намален за речиси 66 проценти.