УЈП: 306 компании добиле државни пари, а не исплатиле плата

04.02.2021 14:42

Заклучно со февруари, вкупно 306 работодавци не ја префрлиле финансиската поддршка на сметките на работниците. Добиле опомена, по што ќе следува и блокада на сметките, вели директорката Лукаревска. Најголема злоупотреба имало во трговијата на мало, угостителството и градежништвото.

Над 13 илјада работодавци за декември добиле 9,6 милиони денари финансиска поддршка за околу 60 илјади работници, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека дел од компаниите сѐ уште не исплатиле плати за месеците април и мај. Заклучно со февруари, вкупно 306 работодавци не ја префрлиле финансиската поддршка на сметките на работниците. Добиле опомена, по што ќе следува и блокада на сметките, вели директорката Лукаревска. Најголема злоупотреба имало во трговијата на мало, угостителството и градежништвото.

Финансиската поддршка на плати е значајна за зачувување на работните места, велат од Туристичко - угостителската комора. Апелираат на континуитет на економските мерки за да се спречи загуба на работните места. Оттаму посочуваат дека лиценцираните туристички агенции и водичи работат со загуби.

Според последните податоци на Заводот за статистика, бројот на туристи лани во ноември во однос на претходната година бил намален за над 66 проценти. Забележано е намалувањето на странските туристи од над 80 насто.

 

Дијана Ценевска