Гевгелија ќе добие зграда со 52 социјални станови до март следната година
Министерот за транспорт и врски денес во Гевгелија на увид, како тече динамиката околу изгрдабата на новата социјана зграда во која ќе има нови 52 станови. И додека се гради нова зграда во Гевгелија, струмичани сеуште чекаат оглас за социјалната зграда која е готова уште во 2019-та година...

Нови 52 социјални стананбени единици се во градба во Гевгелија, наменети за социјано ранлива категорија на граѓани. Градежните активности се во тек , а министерот Бочварски во денешниот увид заедно со првиот човек на АД за стопанисување на стамбен и деловен простор ветуваат дека идните станари ќе влезат, март 2022 година.
Од транспорт и врски велат дека дека во буџетот имаат 130 милиони денари токму за изградба на социјални станови па ќе продолжеле со трендот на изградба и во иднина.
2019- та беше готова зградата во Струмица, во јуни истата година прв пат беше поништен огласот, ама поништувањето не застана тука, уште двати се поништуваше, а апликантите и во 2021-ва сѐ уште чекаат оглас.
Од министерството одговорот е дека не можат да се формираат комисиите од МТСП и транспорт и врски, кои пак ќе го имаат последниот збор.
Стојне Митева
