Чествување за Гоце Делчев
По повод 149 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, граѓанското здружение „Нѐ има“ во Прилеп одржа тематска он-лајн конференција за значењето и улогата на Делчев во историјата на македонскиот народ. Секој народ, според сите европски декларации и норми, има неотуѓиво право да ги слави и да ги негува основните идентитетски вредности, беше речено на конференцијата која донесе и декларација. Здружението 20 години го одбележува овој значаен датум.

Според сите европски декларации и норми, секој народ, па и македонскиот, сам одлучува кои личности оставиле длабок белег во неговата историја и кои ќе ги слави. Една од тие е големиот македонски револуционер и деец „Гоце Делчев“ и во тоа нема дилема, порачаа учесниците на денешната тематска он-лајн конференција во чест на раѓањето на Делчев. Со наслов, „Заветот на Гоце Делчев“ дискутираа Македонците од соседните и прекуокеанските земји.
Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку преку присутноста на дел Македонци на целиот Балкан, се дел од културно- историскиот идентитет на сите демоси како современи нации.
Граѓанското здружение „Нѐ има“ 20 години организирано го одбележува денот на раѓањето на Гоце Делчев со подготвување декларации.
Елизабета Митреска
