Нови 373 случаи со Ковид-19, починати седум лица
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.

Во последните 24 часа се направени 2.107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга - 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 638 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно седум починати лица. Починати се двајца пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.
Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на Ковид-19.
