Стручното образование да креира квалификуван кадар за потребите на пазарот на труд
Усовршувањето на системот на средно стручно образование, за интерес на учениците што побрзо да дојдат до подобро работно место, како и за потребите на стопанството ...

Усовршувањето на системот на средно стручно образование, за интерес на учениците што побрзо да дојдат до подобро работно место, како и за потребите на стопанството е целта на денешната трибина, која преку социјален дијалог помеѓу училиштата и компаниите ќе се утврдуваат профилите на коишто ќе се образуваат учениците во средните стручни училишта, изјави министерката Царовска.
Техничари од областа на машинското производство се најбараните профили на ученици, кои се потребени за реализација на практична настава во фабриките, сугестираа прастиваниците на бизнис заедницата. Сметаат дека треба реформи на образованието, па потоа реализација на оваа идеја.
Директорите на училиштата сметаат дека треба да се зголеми бројот на часови по практична настава.
На денешната трибина прсустуваа и преставници од стопанската комора, а истата ќе се одржи и во градовите Кавдарци и Неготино.
Памела Цилаков
