Сојузот на средношколци привремено го прекинува бојкотот
Од Сојузот посочуваат дека по средбите со парламентарните партии тие се сигурни во поддршката на повеќе од 70 пратеници, со што им оставаат можност и време на институциите да ги прифатат нивните барања.

Сојузот на средношколци најавува дека бојкотот на наставата кој почна со второто полугодие, ќе трае уште денес, наредната недела времено ќе го прекинат. Од Сојузот посочуваат дека по средбите со парламентарните партии тие се сигурни во поддршката на повеќе од 70 пратеници, со што им оставаат можност и време на институциите да ги прифатат нивните барања.
„Нашиот бојкот e последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози. Истото нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на годинешната државната матура. Ни требаат и квалитетна настава и изменета дражавна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, стои во соопштението.
Средношколците бараат од МОН од четири предмети на државната матура, да полагаат два. Од министерството не попуштаат и сметаат дека државната матура треба да содржи четири предмети.
