Компаниите кои ја злоупотребиле помошта, нема да можат да аплицираат за нова мерка

05.02.2021 10:33

Компаниите кои веќе ја злоупотребиле финансиската помош од Владата, нема да имаат можност да аплицираат за нова мерка, изјави министерот за економија Крешник Бектеши...

Компаниите кои веќе ја злоупотребиле финансиската помош од Владата, нема да имаат можност да аплицираат за нова мерка, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Ресорниот министер најави дека аплицирањето за туристичките ваучери од 250 евра во рамки на петтиот сет економски мерки ќе почне на почетокот од второто тромесечје од годинава, а ќе можат да ги добијат, семејствата со месечни приходи не поголеми од 30.000 денари, фондот ќе биде ограничен и ќе се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

До понеделник ќе завршат и средбите на Владата со стопанските комори и со синдикатите, по што премиерот Заев идната недела ќе ги соопшти мерките од петтиот пакет помош за стопанството, најави Бектеши.