Трамп нема да сведочи на судењето за импичмент
Претставничкиот дом го отповика поранешниот претседател поради поттикнување бунт во нередите во Конгресот...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да сведочи на судењето на отповикување во Сенатот. Според неговиот советник Џејсон Милер, процесот кој почнува во вторник, е неуставен.
Демократите во Претставничкиот дом го обвинуваат за поттикнување бунт во нередите во Конгресот во кои имаше и жртви. Неговите приврзаници го демолираа Капитол Хил на денот на потврдувањето на победата на Џо Бајден.
Адвокатскиот тим на Трамп ги отфрли тужбите и тврди дека тој совесно си ја извршувал фунцкијата.
За да биде обвинет потребно е двотретинско мнозинство. Во таков случај, сенаторите може да му изгласаат доживотна забрана за вршење на јавна функција.
