ЕУ признава пропусти во набавката на вакцините

05.02.2021 10:41

Брисел ги потцени проблемите кои може да настанат при производството...

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за прв пат призна дека биле направени пропусти во однос на набавката на вакцините против ковид-19. Официјален Брисел нарачал 2,3 милијарди дози за своите 27 земји-членки.

Во моментов компаниите испорачуваат помалку од очекуваното или ветеното. Планот на блокот е до крајот на летото да бидат имунизирани 70% од населението.

Според Фон дер Лајен, Унијата треба да биде подготвена и на можен недостиг од одредени состојки за вакцините.