Поради голем интерес втора изведба на концертот „Балетски бисери“

05.02.2021 13:48

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани...

Поради голем интерес на публиката ќе се одржи втора изведба на балетот насловен „Балетски бисери“ во Национална опера и балет.

Оттаму информираат дека балетскиот концерт ги опфаќа најубавите балетски дела „Бајадера“, „Рајмонда“, „Силфида“ итн. Настапуваат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.