Одбрана

Армијата доби нови 65 подофицери

05.02.2021 13:53

Армијата ја промовира првата група од 65 подофицери, од вкупно 120 професионални војници во прв подофицерски чин. Обуката почна кон крајот на ноември и се реализира во Центарот за обука Пепелиште...

65 професионални војници промовирани во подофицерски чин. Обуката, која ја почнаа на крајот на октомври, а ја завршија вчера, се реализираше во центарот за обука „Пепелиште“ од страна на инструктори од комадата за обука и доктрини, баталјонот за специјални сили и извидувачко разузнавачкиот баталјон.

Војниците се обучуваа за повеќе теми – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, ситуациони вежби и др. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на новите подофицери им порача со својата професионалност и принципиленост да бидат личен пример за своите војници.

Прворангираниот водник Николче Стојановски истакна дека е огромна чест да се биде најдобриот меѓу еднаквите.

Втората група од 55 професионални војници обуката ќе ја почне кон крајот на месецов, со што вкупниот број на промовирани подофицери годинава се очекува да достигне 120.

 

Марија Котовска