Сметководителите бараат да се преиспита одлуката за рокот за завршни сметки
Комората на сметководители бара итно и неодложно, Министерството за економија да ја преиспита донесената одлука дека нема потреба од законски измени за пролонгирање на роковите за поднесување на завршните сметки и финансиските извештаи. Соочени со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, сметководителите имаат драстично зголемен обем на работа, а во исто време намалени човечки капацитети...

Да се преиспита одлуката за рокот за завршни сметки, повика Комората на сметководители. Откако од надлежните добиле негативен одговор, бидејќи со тоа ќе се наруши квалитетот на статистичките извештаи поврзани со ЕУ, комората се пожали дека поради пандемијата и намалени човечки ресурси не може да се стигне навреме.
Комората бара рокот за хартиено поднесени годишни сметки да биде до 30 април, а електронски да може да се поднесат до 15 мај.
Комората на сметководители посочи дека одложувањето на роковите за финансиските извештаи и за завршните сметки е клучно за нивно квалитетно изготвување.
Ана Јосифоска Тодоровска
