Денеска ќе се потпише договорот за набавка на 200 илјади кинески вакцини
Договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина треба да се потпише во текот на денешниот ден. Се очекува по потпишувањето за најкраток временски рок тие да стигнат во земјава...

Договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина треба да се потпише во текот на денешниот ден. Се очекува по потпишувањето за најкраток временски рок тие да стигнат во земјава.
Според министерот за здравство Венко Филипче со пристигнувањето на кинеските вакцини ќе започне и процесот на имунизација. Ќе бидат опфатени 100 илјади граѓани. Веќе е адаптиран и националниот план за имунизација.
Вакцинацијата ќе се врши преку постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови. На дневно ниво се очекува да се вакцинираат од две до 2.500 граѓани. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден.
Според последната статистика на Министерството за здравство од направени 1.846 тестирања, регистрирани се 199 нови случаи на Ковид-19. Во болнички услови починале осум лица, двајца пациенти од Кочани и по еден од Скопје, Ресен, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија и Битола. Оздравени се 264 пациенти. Бројката на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата е речиси 94.800.
