Суспендиран Јутјуб каналот на „Русија денес“

18.03.2014 10:43

Јутјуб  каналот на медиумот „Русија Денес“ (RT- Russia Today) кој во јуни достигна 1 милијарда посетители, а со тоа стана и најгледан Јутјуб канал, денеска е исклучен за посетителите.

Гледачите кои се обидувале да пристапат кон каналот на „РТ“ биле одбиени со образложение дека „сметката е суспендирана затоа што се направени повеќе сериозни  прекршувања на правилата против спам, игри, погрешна содржина, или други кршења на правилата на видео- мрежата Јутјуб“.

„Како водечки светски производител на вести на Јутјуб, ние цениме навремени информации и жалиме што ова утро нашите повеќе од половина милион посетители се оневозможени да добијат навремени информации. Очекуваме најбрзо расчистување на овој проблем“, изјави шефот  на социјалните медиуми на „РТ“, Ивор Кроти.

Шпекулациите на интернет и на социјалните мрежи велат дека станува збор за цензура од страна на САД, поради објавувањето информации за состојбите во Украина и отцепувањето на Крим.