Бајден: Тешко до имунитет до крајот на летото

08.02.2021 10:36

Колективниот имунитет го намалува пренесувањето на вирусот, дури и кај оние од популацијата кои немаат развиено имунитет.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде „многу тешко“ САД да достигнат колективен имунитет до септември.

Колективниот имунитет го намалува пренесувањето на вирусот, дури и кај оние од популацијата кои немаат развиено имунитет.

Белата куќа вети дека ќе искористи најмалку 100 милиони дози на вакцините против Ковид-19 во првите 100 дена од новата администрација, што е еквивалентно на вакцинирање на 50 милиони луѓе со две дози во земјата.