Земјоделство во услови на пандемија
Пандемијата предизвика измени во работата во многу дејности, па и во земјоделието. Извозниците се прилагодуваат на состојбата, а поддршка имаат и од државните институции. Производител на лозови и овошни садници во село Аргулица, карбинско, постапката за добивање дозвола за извоз во Руската федерација ја реализираше преку Зум апликацијата.

Бојанчо Стефанов од село Аргулица, карбинско е сопственик на една од двете земјоделски компании во источниот регион кои произведуваат лозови и овошни садници. На површина од осум хектари, годишно произведува околу 700 илјади садници од осум сорти грозје и неколку сорти на овошни дрвца. Дел од садниците извезува во Русија. Годинава заради пандемијата потребните дозволи за извоз ги обезбедува со помош на Зум апликацијата, преку која се поврзаа македонскиот и рускиот санитарен инспекторат и фитосанитарните лаборатории.
Видот на сортите кои годишно се произведуваат овде зависи од претходно изразените потреби на купувачите и со постојан надзор на надлежните институции.
Поднебјето за производство на садници е поволно и побарувачката е солидна. Кај нас се барани сите сорти на лозови садници, додека во Русија извезува само трпезни вински сорти. Овој бизнис има иднина, вели Стафанов, но недостига стручен кадар.
Славица Величковска
