Прилеп

Нови здруженија - решение за тутунарските маки?

08.02.2021 14:19

Ќе никнат барем пет-шест нови здруженија по годинашниов, еден од најпроблематичните откупи на тутунот. Здруженијата ветуваат решавање на тутунарските маки. Сите ќе ја бараат довербата на 30.000 тутунарски семејства во земјава. Од сега овластениот Сојуз на земјоделски здруженија, велат, немаат ништо против, ама потребни се конкретни предлог- мерки...

Повеќе од пет нови здруженија ќе се борат за довербата на тутунарите за да им ги решат проблемите кои ескалираа во оваа, една од најпроблематичните и најтешки откупни сезони. Токму во време кога тутунарите маки мачат во трката со времето да го предадат родот. За сметка на тоа кренаа раце од ниската цена.

Иницијативниот одбор кој ги водеше протестите се разијде во ставовите. Две страни регистрират нови здруженија. Едната со четири- пет регионални, другата со „Тутунска надеж“.

Од Сојзуот на земјоделските здруженија кој раководии со откупната кампања и со касата, околу 200.000 евра за исплата на преку 250 повереници на вагите, немаат против нови асоцијации. Но, потребни се конкретни предлог- мерки за решавање на проблемите.

Месецов треба да заврши откупот на ланскиот тутун. Оваа недела ќе се преземат договорените 23.200 тони. Останува пријвениот вишок за кој допрва ќе се договара со откупувачите. Само во прилепско се пријавени уште 3.200 тони.

 

Елизабета Митреска