Воена соработка

Американски и македонски инженериски единици ќе работат на полигонот Криволак

08.02.2021 14:37

Заменикот командант на Американските сили во Европа, генерал Џозеф Џерард во посета на земјава за да даде поддршка на заедничките активности на двете сојузнички армии. Наскоро американска инженерска воена единица заедно со македонските колеги ќе работи на воениот полигон Криволак во подготовка на престојните воени вежби...

Стратегиското американско- македонско партнерство и сојузништво во НАТО на дело. Американски и македонски инженериски единици ќе работат на полигонот Криволак за да го подготват за воени вежби. И покрај пандемијата, заменикот командант на Американските сили во Европа генерал Џерард во посета на земјава за да даде поддршка на заедничките активности на двете сојузнички армии.

Криволак станува значаен капацитет за македонската армија и сојузничките сили од НАТО. Во негов развој заеднички веќе вложуваат двете земји.

Во тек е и ветингот на наши претставници кои треба да добијат НАТО сертификати за пополнување на македонската мисија при седиштето на НАТО во Брисел. Првиот човек на одбраната најави дека ќе бидат испратени и македонски старешини во воените команди на Алијансата.

 

Ирина Гелевска