Словачка поддршка за македонската евроинтеграција
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба со словачкиот колега Иван Корчок. Рече дека словачката поддршка воопшто не е спорна, туку е јасна, недвосмислена и принципиелна, а таква одлука донесе и Советот на Европската унија во март. Словачкиот министер Корчок изрази надеж дека преговарачката рамка ќе се усвои за време на португалското претседателство, но потести дека е потребен консензус од сите земји членки на ЕУ...

Словачкиот шеф на дипломатија Иван Корчок, ја избра Македонија како прва земја во рамките на својата балканска турнеја. На средбата, министерот за надворешни работи Османи нагласи дека во Македонија искрено се цени ангажманот и упорноста на Братислава да ѝ се помогне на земјата во евтроинтегративниот процес. Посетата ја оцени како сигнал за поддршка во овие комплицирани моменти кога ЕУ не оформи консензус за почеток на преговори
„Поддршката од Словачка е јасна, недвосмислена и принципиелна. Северна Македонија заслужи почеток на преговори, за што има одлука донесена со консензус во март минатата година. Можам да се согласам дека не треба во ЕУ да внесуваме недоразбирања, но во исто време објективен е впечатокот кој се создава и кај нас и кај останатите земји во регионот дека процесот на интеграција станува непредвидлив, нејасен или попрецизно е вид подвижна мета која не наградува според учинок туку според актуелните политички околности“, изјави шефот на дипломатијата Османи.
Новата словачка влада е решена да ве поддржи на патот кон ЕУ- рече словачкиот министер Корчок. Ве охрабрувам да продолжите со реформите зошто тоа е најдобар избор, и не го правите тоа за бирократијата во Брисел, туку за вашите граѓани.
„Ја потврдив нашата поддршка за вашата намера да станете членка на Европската унија. Тоа е ваш избор и ние апсолутно го поддржуваме тоа што слободно одлучивте да ја споделувате вашата иднина и судбината на вашите граѓани заедно со тие во Европската унија и сум уверен дека процесот на проширување е најуспешниот процес во историјата на Европа“, изјави Иван Корчок, министер за надворечни работи на Словачка.
Македонија ќе отвори амбасада во Словачка. Отворањето на амбасада во Братислава ќе значи унапредување на односите помеѓу двете земји, не само на политички туку и на економски план.
Александра Спировска
