Здравство

160 комплексни операции кај бебиња направени изминативе две години на Детска хирургија

08.02.2021 14:54

Изминативе две години на Универзитетската клиника за детска хирургија направени се 160 комплексни операции кај новороденчиња и бебиња. Најмалото бебе имало 1.300 грама. Македонските лекари заедно со колегите од Бугарија ги правеа интервенциите. Пациентите од Македонија веќе нема да мора да се праќаат во странство...

Tуку што родено, oд Клиниката за гинекологија, префлено на Детска хирургија. Недостиг на дијафрагма, причина да се собере тимот лекари. Родилната тежина од 1.300 грама, проблем, но не и пречка, да се заврши интервенцијата.

Специјалистот по детска хирургија Ристески, кој бил дел од тимот вели, детето нема да има последици во раст и развој. Ова е една од многуте вродени аномалии кај новородече третирани во минатата година.

Со едукација на нашите детски хирурзи, најмалите нема да мора да се испраќаат во странство. Тоа е резултат на успешниот проект на лекарите од Бугарија и Македонија.

Извинативе две години на Универзитетската клиника за детска хирургија направени се 160 комплексни операции кај новороденчиња и бебиња.

Доктор Ристески вели- предизвик не се само аномалии кај новороденчињата туку и воведување нови методи на интеревенции.

Пацинети на оваа клиника се новороденчиња до деца на 14 години. Најмногубројни се пацинтите од петта до седма година. Во моментот, дваесетина дечиња се хоспитализирани на Клиниката за детска хирургија.

 

Наташа Јанчиќ Менковски