Здравство

Потпишан договорот за набавка на кинеските вакцини

08.02.2021 15:26

Министерот Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Земјава од кинеската компанија обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат месецов. Точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката се очекува да бидат утврдени во следните денови. Вакцините од Кина ќе пристигнат на аеродромот во Скопје. Направен е детален план за транспорт до веледрогериите кои се задолжени за складирање на количините...

Министерот Филипче го потпиша договорот за набавка на 200  илјади кинески вакцини со производителот „Синофарм“. Пратката ќе стигне на скопскиот аеродром, но кога – ќе се знае деновиве. Ефикасноста на овие вакцини, според различни публикации изнесува од 60 до 90 насто.

Земјава очекува уште 150 илјади вакцини од КОВАКС – системот. Филипче вели дека државата е отворена за преговори со сите производители, бидејќи вакцините што се нудат се ефикасни и развиени на безбедни платформи.

Пристигнаа и четири респираторни машини како донација од Словачка во рамки на НАТО – доверителниот фонд за одговор на пандемија. Апаратурата вредна 100 илјади евра ќе се користи во болниците каде што има најголема потреба.

Досега од Словачка македонските здравствени власти добија донации во вид на маски и лична заштитна опрема.

Анита Димитријевска Велковска