Четворица раководители од Еуростандард банка под истрага за перење пари и предизвикување стечај
08.02.2021 16:00
Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот- велат од Обвинителството...

Четворица раководители од Еуростандард банка се под истрага за перење пари и предизвикување стечај на банка, информираат од Обвинителството.
Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Проценетата штета е повеќе од 3,3 милијарди денари.
