Обложувалниците против измените на Законот за игри на среќа, бараат итна средба во Владата
Од групацијата велат дека со измените директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства и на над 50 илјади работни места во други стопански гранки...

Заедничко креирање на измените на Законот за игри на среќа и итна средба во Владата бараат од Групацијата за спортски обложувалници. Оттаму реагираат дека ваков закон не постои во ниту една земја од ЕУ. Посочуваат дека одалеченоста на објектите нема влијание на навиките на граѓаните. Предупредуваат оти затворањето на објектите ќе значи загуба за државата за речиси 250 милиони евра.
Од групацијата велат дека со измените директно се загрозува егзистенцијата на речиси 8.000 семејства и на над 50 илјади работни места во други стопански гранки.
Според засегнатите, носењето на овој закон ќе значи ризик за отворање целосно илегален пазар на игри на среќа и „диви“ обложувалници.
Покачувањето на даноците и оддалечување на деловните објекти 500 метри од училишта и високообразовните институции, се само некои од измените што предизвикаа револт кај сопствениците на обложувалниците .
Дијана Ценевска
