Николовски: Борбата против корупцијата останува врвен приоритет

08.02.2021 16:19

Борбата против криминалот и корупцијата и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму меѓу приоритетите на Владата, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски. Според него, сега функционерите се однесуваат многу поразлично од тие во минатото...

Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде неселективна и бескомпромисна и наш врвен приоритет ќе биде да ја менуваме реалноста и навиките, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски. Посочи дека стеснувањето на просторот и можностите за трошење на фукционерите и натаму меѓу првите задачи на Владата. Според него, сега функционерите се однесуваат многу поразлично од тие во минатото.

Интерпелацијата на министерот за борба против корупцијата и министерот за правда ја поднесовме откако ги дознавме најлошите историски резултати на рангирањето на Македонија на 111-то место на листата за корупција во светски размери во друштво со Панама, Уганда, Занзибар и други земји, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваат дека во текот на месец февруари претседателот на Собранието да ја стави интерпелацијата на дневен ред.

Од опозициската партија посочуваат дека оние луѓе на кои што им е поважна економијата и системот за борба против корупција би ја поддржале интерпелацијата. Од владејачката партија, пак, најавуваат уредби за дефинирање и ограничување на тоа што е репрезентација, односно ќе се определи колку може министер, неговиот заменик или директори во јавни установи да потрошат.

 

Игор Панов