САД
Судење за импичмент на Трамп
09.02.2021 09:54
Адвокатскиот тим на републиканецот тврди дека демократите приредуваат „политички театар“...

Во Сенатот втор судски процес за отповикување на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп. Овој пат постапката против него во Горниот дом се води поради обвинение за поттикнување на насилство во Конгресот кога се официјализираше победата на Џо Бајден.
За правниот тим на Трамп, демократите приредувале „политички театар“. Неговиот мандат заврши на 20 јануари откако на ноемвриските избори триумфираше демократот Бајден.
