Суспендирани двајца гинеколози во Клиничката болница во Битола

09.02.2021 10:20

Дозволиле во операција со царски рез да учествува сопругата на гинеколог која не била вработена во болницата, и била државјанин на соседна Србија. Немала лиценца за работа.

Суспендирани од работа двајца гинеколози во Клиничката болница во Битола. Дозволиле во операција со царски рез да учествува сопругата на гинеколог која не била вработена во болницата, и била државјанин на соседна Србија. Немала  лиценца за работа.

Поднесени се кривични пријави за: злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа, надрилекарство и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Двајцата гинеколози пречекорувајќи ги своите посебни овластувања при вршење на должноста, и овозможиле на трето-пријавената без соодветна лиценца за работа од Лекарска комора, да даде медицинска помош, изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во јавната здравствена установа Клиничка болница- Битола.