Светлосниот „React/or“ ги потсети скопјани на стариот сјај на Пошта

09.02.2021 10:29

Инсталацијата е авторско дело на светлосниот дизајнер Мартин Димитријев и е во рамки на европскиот ROCK проект...

Изминатиот викенд заврши светлосната инсталација "React/or", која изминатиот месец и половина беше поставена на фасадата на шалтерната сала на Македонска пошта.

Инсталацијата е авторско дело на светлосниот дизајнер Мартин Димитријев и е во рамки на европскиот ROCK проект, во соработка со Младински културен центар - МКЦ, Град Скопје и АД „Пошта на Северна Македонија".