Дејвид Камерон сака да ја реформира ЕУ

18.03.2014 11:11

Камерон, кој во моментов се наоѓа во крајно неповолна ситуација, им ветил на своите сонародници дека ќе го постигне сето ова, доколку тие гласаат за Конзервативната партија...

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон за првпат ја обелоденил комплетната листа со свои барања за реформи во ЕУ, пишува рускиот весник РБК Daily. Меѓу нив се измени во сферата на имиграцијата, бизнис - регулативата и легислативата.

Камерон, кој во моментов се наоѓа во крајно неповолна ситуација, им ветил на своите сонародници дека ќе го постигне сето ова, доколку тие гласаат за Конзервативната партија на изборите за Европскиот парламент по два месеци и на парламентарните избори во Велика Британија по 14 месеци.

Според анкетите во Велика Британија, речиси 40 проценти од Британците сакаат да останат во ЕУ, а приближно толку се и против останувањето на Обединетото Кралство во Унијата.