Одложено рочиштето за полициската бруталност во Битола
09.02.2021 12:50
Од граѓанската иницијатива „Аваја“ велат дека имаат сознанија дека само против еден од полициските службеници се води постапка, а останатите полициски службеници се вратени на работните места.

Се одложи рочиштето што беше закажано за денеска за полициската бруталност во Битола. Судењето се осложи по предлог на обвинетите дека имаат потреба од дополнително спремање во постапката.
Од граѓанската иницијатива „Аваја“ велат дека имаат сознанија дека само против еден од полициските службеници се води постапка, а останатите полициски службеници се вратени на работните места.
Најавија дека со писмени барања ќе побараат од Министерството за внатрешни работи за да дознаат дали е тоа вистина.
