Детската серија „Зоки Поки“ ќе се емитува на Шведската национална телевизија
Детската серија „Зоки Поки“ ќе стане вистински амбасадор на македонската култура во скандинавските земји. Ќе се емитува на специјализираниот канал за детска програма на Шведската телевизија. Сценариото за уште една сезона веќе е подготвено, но засега проблем се финансиите...

Младата генерација од скандинавските земји ќе има можност преку ТВ екраните да ги запознае Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки... Детската серија ќе стане амбасадор на македонската култура, ќе се емитува на Шведската национална телевизија, на тамошниот специјализиран канал за детска програма.
Шведската национална телевизија оценила дека серијата има силен филмски израз, застапена е родовата еднаквост во поделбата на семејните обврски.
Можеби ние како филмаски работници ќе ја однесеме Македонија предвреме во Европа и Европа ќе ја донесеме тука, велат од Агенцијата за филм.
Има желба да се сними уште една сезона од Зоки Поки. Сценаријата се готови, но засега проблем се финансиите.
Ана Јосифоска- Тодоровска
