Само една фирма ја вратила финансиската помош бидејќи не ги исполнувала условите

09.02.2021 15:09

Досега само една фирма ја вратила финансиската помош, бидејќи не ги исполнувала условите за нејзино добивање. При контролата УЈП утврдила дека 16 фирми ги исполнувале условите, 7 го намалиле бројот на вработените, додека 2 не ги исполниле и двата услова за субвенционирање. Две компании не дозволиле влез на инспекторите и таму ќе реагира финансиската полиција, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

60 фирми од различни дејности беа под лупата на УЈП и Државниот трудов инспекторат поради злоупотреби на државната помош заради ковид кризата. Кај 16 е утврдено дека не го исполнуваат условот поради намалување на приходите кога е добиена помошта од државата. Кај седум бил намален бројот на вработени, а им била дадена подршка, еден од нив ја вратил. Директорката на УЈП Лукаревска посочи дека работодавачите кои користеле ваква помош, а не ги исполнуваат условите, ќе треба да ја вратат во целост заедно со камата, оние, пак кои изјавиле дека ги исполнуваат, а не ги исполнуваат условите за добиената помош, ќе заработат кривични. Двајца работодавачи не соработуваат со УЈП и се преземени од Финансиската полиција, додаде Лукаревска.

Истовремено Државниот трудов инспекторат при контрола на 74 фирми утврдил дека кај 41 од нив имало неправилности при исплата на платите и придонесите, минимални или основни. После добиените решенија за да ги отстранат овие неправиолности постапиле 10. На 6 други кои не постапиле им се изречени мерки, а на едно правно лице глоба од 200 евра и 150 евра за одговорното лице, посочи директорката на Државниот инспекторат за труд Тренчевска.

Тренчевска посочи дека при контролите е утврдено дека празничните и прекувремени часови работа на работниците во најголем број им се исплаќаат од работавачите.

Лукаревска, пак , потсети дека контролите ќе продолжат и во насока на откривање на фирмите кои минималецот им го исплаќаат на вработените, но тие потоа дел им враќаат на друга сметка или на рака. За неисплатените средства од поврат на ДДВ, повика граѓаните да приложат точни трансакциски сметки. Таа информираше дека наплатата на даноците од почетокот на годината до 5 февруари е реализирана повеќе од 97%, а споредено со лани бележи раст од 12%.

 

Фиљана Кока