Британскиот сој на Ковид-19 е присутен, но не се знае во колкава мерка

09.02.2021 15:17

Иако од Министерството за здравство, Охрид покрај Прилеп беше посочен како град каде што е најфреквентен мутираниот британски сој на Ковид-19,во охридската Општа болница немаат сознанија во која мера овој вирус е присутен кај заразените и хоспитализираните лица. Директорот на болницата Горан Балевски вели дека тие информации ги имаат во лабораторијата на МАНУ каде што се испраќаат материјалите, но смета дека непочитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, а не британскиот сој на вирусот е причината за константниот број заразени и заболени лица.

Иако првиот пациент заразен од мутираниот коронавирус од Велика Британија беше од Охрид,а од министерството за здравство посочија дека оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во овој град и во Прилеп во охридската Општа болница немаат детални информации каква е неговата застапеност помеѓу заразените и хоспитализираните лица. Директорот на болницата Горан Балевски вели дека материјалите ги праќаат во лабораторијата на МАНУ каде што се вршат испитувањата,но не верува дека присуството на британскиот сој е причината што нивото на позитивни и хоспитализирани лица е постојано и не се спушта. Според него тоа е резултат на непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19.

Процентот и на новопримени и на починати е на некое константно ниво. Сите починати досега кои што биле во нашата болница се скоро над 95 проценти со многу други коморбитети,така што немаме ние некои пациенти кои што немале коморбитети да имаме некој починат пациент. Сите починати кои што биле во оваа болница имаат огромен број на други коморбитети. Сигурно не се должи на новиот сој на вирус“, изјави д-р Горан Балевски- директор на Општа болница-Охрид.

Охриѓани малку знаат за британскиот сој на коронавирусот,сметаат дека главно се почитуваат мерките за заштита,но дека дел од младите лица ги игнорираат .

Лекарите од охридската болница велат дека е добро што вакцината делува и на британскиот сој на Ковид-19 и апелираат до граѓаните до примањето на вакцините да ги почитуваат мерките за заштита. Со тоа ќе се намали притисокот врз нив бидеќи веќе 11 месеци се борат со невидливиот непријател.

 

Сашо Нелоски