Османи на работна посета на Луксембург и Белгија

09.02.2021 16:06

Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката за почеток на Советот за ЕУ за почеток на преговорите, соопштуваат од МНР.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи утре во работна посета на Големото Војводство на Луксембург каде ќе оствари средби со неговиот колега, министерот за надворешни и европски работи и министер за имиграција и азил на Луксембург, Јан Аселборн, претседателот на Собранието Фернанд Етген, претседателот на комисијата за надворешни работи во Собранието на Луксембург, Кручтен Ивес.

Од Луксембург, Османи утредента продолжува во работна посета на Кралството Белгија, каде домаќин му е заменик - премиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и надворешна трговија и за федерални културни институции, Софи Вилмес. Во рамките на посетата на Белгија, Османи ќе оствари и средба со претседателот на белгискиот парламент Елиан Тилие и претседателот на Белгискиот Сенат Стефан Д’Хос.

Покрај билатералните односи со земјите на Бенелукс, акцент на разговорите ќе биде ставен на европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката за почеток на Советот за ЕУ за почеток на преговорите, соопштуваат од МНР.

На средбите се очекува да се разменат информации и за актуелните состојби поврзани со пандемијата и соработката на тој план, во функција на поскоро надминување на оваа  глобална здравствена криза.

Во рамките на работните посети на Луксембург и Белгија, министерот Османи ќе оствари и средби со високи претставници на Европската унија и на НАТО, меѓу кои и средба Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и  средба со комесарот за буџет, поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.