Државните институции подготвени да го спроведат пописот

09.02.2021 16:09

На тема како може да се злоупотреби пописот, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека полички притисоци имало, но цврсто се решени да опстојат до крај. Вели, сомневањата за податоците се предизвикани поради немањето доволно информации за новата методологија...

Државните институции се подготвени да ја спроведат статистичката операција попис во април годинава. На тема како може да се злоупотреби пописот, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека полички притисоци имало, но цврсто се решени да опстојат до крај. Вели, сомневањата за податоците се предизвикани поради немањето доволно информации за новата методологија која ги вклучува и нерезидентите- објаснува Симовски.

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов тврди дека општинската администрација е подговена и кадровски, технички и просторно. Токму затоа, одложувањето на пописот не е опција за која размислуваат, дури и во состојба на пандемија. Според Шилегов се работи за политичко лицемерие.

Институциите апелираат граѓаните да не го бојкотираат пописот, бидејќи пред сѐ е законска обврска, а статистичките податоци се потребни за развој на државата.

Марина Стојанова- Тонева