Се подготвуваат протоколите за земјава да биде безбедна туристичка дестнација

09.02.2021 16:13

Агенцијата на туризам и хотелската асоцијација ги усогласуваат протоколите за патување и сместување по европски терк, за земјава да биде впишана на листата безбедни туристички дестинации за годинава...

Агенцијата на туризам и хотелската асоцијација ги усогласуваат протоколите за патување и сместување по европски терк, за земјава да биде впишана на листата безбедни туристички дестинации за годинава.

Од Агецијата за туризам се надеваат набрзо да започне вакцинацијата, а притоа туристичките работници да имаат приоритет. Од март се предвидени промотивните активности за привлекување на туристи, таргет ќе биде создавање слободно патување со Холандија и Полска за враќање на авиолините кон Охрид.

„Многу е приоритетно 2021 да создадеме услови за зелени зони со Холандија, бидејќи Холандија кога говориме за првата туристичка дестинација токму кај нас како Охрид е многу значајна, тука ни се големите тур опеаротри, кои под одредени услови ќе се потрудиме да ги донесеме“ , вели Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за туризам.

Предвидени се засилени безбедносни мерки, покрај дезинфекција и сертификати за озонирање на собите. За хотелиерите е клучна вакцинацијата и бараат таа да започне час поскоро за привлекување на туристи од странство, а потоа да следи силна промотивна кампања.

„Ќе треба да се одделат средства како да направиме кампања дека гостите доаѓаат во една безбедна држава каде ќе се чувствуваат 100% безбедни. Ќе бараме да биде направен протокол и кол ценатр ако дојде гостин добие симптоми да знае каде треба да се јави“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Сѐ уште е неизвесно дали Европските земји ќе дозволат патување на нивните граѓани надвор од Унијата. И годинава 65% од гостите во земјава се очекува да бидат домашни туристи и околу 35 % од регионот.

 

Соња Рилковска