Нови 476 случаи со Ковид-19, починати девет лица

09.02.2021 17:18

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.

Во последните 24 часа се направени 2.863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци - по 31, Охрид – 24, Велес - 23, Куманово - 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен - по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 407 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од  Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.

Досега во земјата се направени вкупно 474.280 тестирања на Ковид-19.