Во Велес почна реализацијата на проектот „Македонија земја на цвеќето - Земја на розата“
18.03.2014 11:15
Во Велес почнаа подготвителните активности за реализација на проектот на Министерството за животна средина и општина Велес, „Македонија земја на цвеќето - Земја на розата“. За таа цел набавени се 2.500 садници рози, а ЈКП Дервен почна со засадување на првите 400 рози.
Триста садници рози се засадени на улицата „Димитар Влахов“, а сто садници на улицата „Благој Ѓорев“ кај споменикот на Панко Брашнаров, информира портпаролот на општина Велес Мартин Мајсторов.

Розите се садат на локации каде има поставено систем за наводнување и каде тие ќе имаат оптимални услови за раст и развој. Овие денови ќе се подготвува останатиот терен за претстојното засадување.
Мајсторов истакна дека покрај масовното садење на 21 март, планирани се и други активности за мотивирање на граѓаните да се вклучат во акцијата. Училиштата во своите наставни програми ќе внесат предавања и креативни работилници за розата, а производите ќе бидат презентирани на локални изложби.
Како што информира Билјана Шуркова Манаскова, инспектор по животна средина при општина Велес, розите се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количини на олово и кадмиум во себе. Таа потенцира дека овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето. Експертите, според неа, препорачуваат градот да биде збогатен со рози поракај сообраќајниците, улиците или на кој било отворен простор, затоа што тоа би имало повеќекратно позитивно дејство.
- Општина Велес останува посветена на целта да спроведува активности за деконтаминација на загадената почва со тешки метали како со оваа акција, така и со спроведување на понатамошни активности за одржување на засадениот материјал и проширување на подрачјето за деконтаминација, потенцира Шуркова Манаскова.