Фронтменот на Ролинг Стоунси - Мик Џегер ја прекина австралиската турнеја поради смртта на својата девојка

18.03.2014 11:18

Портпаролот на Џегер рече дека во моментов тој е на турнеја во Австралија, но вели дека е во „комплетен шок и уништен од оваа вест“...

49 годишната Лорен Скот, познатата дизајнерка и девојка на Мик Џегер е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетен. Телото на дизајнерката го нашол нејзиниот асистент во понеделникот наутро, јавува Би-Би-Си.
 
Скот и Џегер се во врска повеќе од десет години, а имаат заеднички стан во Париз. 
 
Портпаролот на Џегер рече дека во моментов тој е на турнеја во Австралија, но вели дека е во „комплетен шок и уништен од оваа вест“. 
 
Лорен ја почна својата кариера како модел во Париз, а потоа се пресели во Лос Анџелес за да стане моден стилист, пишува во нејзината  биографија на веб страната на нејзината компанија. 
 
Со  Мик почнале да се забавуваат во 2001 . Таа создаде свој моден бренд во 2006 .
 
Смртта на Скот доаѓа само еден месец откако таа го откажа шоуто на Лондонската Модна недела, со оправдување дека заради производството морала да ја одложи ревијата.
 
Додека веста за нејзината смрт се шири, модниот свет и оддава почит.