СЗО: Пад на бројот на новозаразени на глобално ниво
Од 1 до 7 февруари СЗО евидентирала 3.153.426 новозаболени луѓе со Ковид-19 во светот, што е за 17 отсто помалку од претходната недела и 88.369 починати од последици од вирусот, што е за 10 проценти помалку во споредба со претходните седум дена.

Бројот на новозаразени со коронавирусот на светско ниво е во пад за 17 насто. Вкупниот број на починати е помал за 10 проценти.
Од 1 до 7 февруари СЗО евидентирала 3.153.426 новозаболени луѓе со Ковид-19 во светот, што е за 17 отсто помалку од претходната недела и 88.369 починати од последици од вирусот, што е за 10 проценти помалку во споредба со претходните седум дена.
Во извештајот на СЗО се наведува дека од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на Ковид-19 и 2.302.614 смртни случаи.
Во меѓувреме, санкциите и лошата економска ситуација не ја спречија Куба да стане можен кандидат во трката за вакцина против Ковид-19, кој во моментот влегува во третата фаза од испитувањата.
