ГЕРМАНИЈА
Меркел сака блокадата да продолжи до март
10.02.2021 10:43
Се очекува лидерите на 16-те германски држави да разговараат за можни чекори за олеснување на мерките кои беа донесени во ноември...
Германската канцеларка Меркел сака да ги задржи ограничувањата за спречување на ширењето на коронавирусот до 1 март.
Се очекува лидерите на 16-те германски држави да разговараат за можни чекори за олеснување на мерките кои беа донесени во ноември, а беа засилени во средината на декември.
Додека бројот на нови дневни инфекции опаѓа, расте загриженоста за влијанието на поинфективните видови на вирусот.
