Утре пристигнуваат вакцините од „Фајзер“ добиени од Србија, во почетокот од идната недела и кинеските „Синофарм“

10.02.2021 13:20

Утре пристигнуваат вакцините од „Фајзер“ добиени од Србија. Премиерот Заев и претседателот Вучиќ ќе се сретнат на Табановце. Денови се во прашање, кога ќе пристигнат и кинеските вакцини. Се чека првата пратка од 5.850 дози од вакцината „Фајзер“...

Утре пристигнуваат вакцините од „Фајзер“ добиени од Србија. Премиерот Заев и претседателот Вучиќ ќе се сретнат на Табановце. Денови се во прашање, кога ќе пристигнат и кинеските вакцини. Се чека првата пратка од 5.850 дози од вакцината „Фајзер“.

„Денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините. Она што е многу важно, е што  системот за вакција ни е целосно подготвен. Очекуваме Фајзер вакцини, очекуваме Синофарм вакцините најбрзо да дојдат. Секако, отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот, преку ЕУ, секој ден очекуваме ново решение“, изјави премиерот Заев.

Посочи дека нашиот договор со „Фајзер“ е за испорака на вакцини некаде втора половина на февруари, на 5.850 дози, односно  од понеделник натаму.

„Верувам дека сите ќе ја преземеме одговорноста и апелирам, почнувајќи од мене да ја примиме вакцината за да можеме брзо да го стекнеме имунитетот во целата оваа наша земја заради тоа што влијае комплетно, не само на здравствениот аспект и сочувување на здравјето и животот на нашите граѓани, туку и економските аспекти, нормалната живеачка, социјалниот живот кои исто така се многу важни. Верувам дека сите ќе се вклучиме паралелно во испраќањето на пораката за час поскоро да се прими вакцината“, порача Заев.