Минатата недела зголемена смртност од Ковид-19

10.02.2021 12:24

Нешто над три проценти е зголемен и бројот на смртните случаи, односно пријавени се 66 случаи од 21 град. Бројот на оздравени е за 11,6 проценти повеќе споредбено со минатата седмица.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 1 до 7 февруари, регистрирани сe 2.120 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 4,1 насто во однос на минатата недела.

Нешто над три проценти е зголемен и бројот на смртните случаи, односно пријавени се 66 случаи од 21 град. Бројот на оздравени е за 11,6 проценти  повеќе споредбено со минатата седмица.

До институтот за јавно здравје биле пријавени 649 материјали за присуство на „британскиот сој“. Од нив 56 се позитивни. Мутацијата е присутна во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид-25, Прилеп-10 и Кавадарци-4.

Анализите укажуваат на континуиран внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.