Иницијативниот одбор бара отчет од Мицкоски
10.02.2021 13:29
Оттаму соопштуваат дека биле обезбедени поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на Мицкоски.

Иницијативниот одбор кој бара реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за 28-ми март во Скопје закажа вонреден конгрес на партијата. Главни точки за дискусија ќе бидат отчет за сработеното од актуелниот претседател Мицкоски и гласање на доверба.
Оттаму соопштуваат дека биле обезбедени поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на Мицкоски.
Делегатите се едногласни дека лидерот на партијата ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки.
