Сметководителите бараат повлекување на законските измени за сметководствени услуги
Од Комората на сметководители инсистираат на повлекување на законот од Собрание и на итна средба и преземање на конкретни чекори од Министерство за финансии за надминување на предизвиците со кои се соочува сметководствената професија...

Да се повлече Законот за сметководствени услуги од Собранието бараат од Комората на сметководители. Реагираат на предложените измени со кои во дејноста се предвидува слободен влез на странски државјани од земјите на Европската економска заедница. Од Комората браат итна средба со министерот за финансии, за како што велат, носење на нов закон кој ќе ја унапреди дејноста. Сметаат дека со предложениот се дискриминира.
Од сметководствената комора бараат пролонгирање на роковите за завршните сметки за три месеци. Велат дека пандемијата од Ковид- 19 негативно се одразила на работата.
Од Министерството за финансии велат со Законот за сметководствени услуги не се прават промени на пазарот во земјава. Во соопштението од ресорот се вели дека само се допрецизира решението во однос на професионалната квалификација стекната во странство. Децидни дека новиот Закон ќе се носи на транспарентен начин.
Дијана Ценевска
